ДПУ Репете Дооел подружница ЧИЧКО СТОИЛКО
ЧИЧКО СТОИЛКО - сендвичара и готвени јадења се занимава со подготовка на сендвичи и готвени јадења со докажан квалитет, вкус и традиција која трае скоро 50 години.
Компанија:
ДПУ Репете Дооел подружница ЧИЧКО СТОИЛКО
Локација:
Дејност:
Подготовка на брза храна и готвени јадења
Телефон:
+389 72 554 993
Лице за контакт:
Слободан Наумовски
Веб страна:
Компанијата работи со
ЧИЧКО СТОИЛКО - сендвичара и готвени јадења се занимава со подготовка на сендвичи и готвени јадења со докажан квалитет, вкус и традиција која трае скоро 50 години. Храната се подготвува во најсовремено опремена кујна од страна на искусни готвачи. Покрај познатиот сендвич со плескавица, виршла или тост сендвич со добро препознатливиот традиционален вкус, нудиме и некои посовремени видови на сендвичи како што се разни врапови, сендвичи со различни видови на пилешко, како и сендвич со свинско печење или чварки. Нашето мени е збогатено и со разни видови на готвени јадења од богатата традиционална македонска кујна. Подготвуваме и повеќе видови на комбо пакети, кои се комбинација од нашите готвените јадења или скара во прилог со свежа мешана салата.
Подготвуваме и организираме и кетеринг услуги за разни видови прослави: родендени, домашни слави, свадби, матурски, дипломски и разни други деловни и приватни настани.
Исто така, нашата компанија нуди подготовка и достава на топол оброк до вашите работни места. Менито може да се одреди на неделно ниво со претходен договор во согласност со вработените во фирмите. Храната се пакува и доставува во соодветна амбалажа. Нашата долгогодишна традиција и постоење е доказ и гаранција за нашиот квалитет.
Историјат
ЧИЧКО СТОИЛКО – сендвичара е мала компанија која постои уште од далечната 1975 година и е еден од првите фаст фуд ресторани на балканот. Со добро препознатливата локација на самиот плоштад на Скопје, долги години беше обележје на градот. Денес се наоѓа на друга локација но, квалитетот, услугата и трудољубивоста на вработените се исти. Покрај стариот квалитет и традиција секогаш сме во чекор и со новите и современи трендови на пазарот.