– Во Хотел Панорамика во Скопје, на 16-18 декември 2024 година беше одржан тридневен настан “Civil Society Dialogue between North Macedonia and Bulgaria – Economic development – trade and investment“ поддржан од Европската Унија.
На настанот, претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора м-р Биљана Митева со своја презентација се обрати до учесниците, со цел запознавање со активностите и приоритетите на Македонско-бугарската стопанска комора, презентирање на анализата на трговската размена меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, која покажува дека по 2021 година има постојан раст, кој е забележан и кај извозот и кај увозот. Претседателката истакна дека увозот е поголем од извозот, а најголема соработка има во рударството и енергетиката, при што Булмак 2016 како членка на комората е најголем извозник.