Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора м-р Биљана Митева, оствари средба со г. Изет Меџити
17.12.2024
Со потпишувањето на договорот за соработка меѓу компанијата „Еко Проект Ко“ и комуналното јавно претпријатие „Водовод“, во Кочани почнува реализација на заедничкиот проект „Со граѓаните за граѓаните“ за селектирање и собирање на отпадот од пакување, односно на отпадна амбалажа од пластика и хартија.
На почетокот од проектот ќе има тримесечен пилот период во кој на домаќинствата на две поголеми улици во градот ќе им бидат поделени садови за селекција. Исто така, на неколку локации на јавни површини, во дворовите на училиштата и во јавните институции ќе бидат поставени посебни контејнери и садови за депонирање на пластична и хартиена амбалажа.
Во рамки на проектот ќе се спроведе јавна кампања преку медиумите и со непосреден контакт со граѓаните кои ќе добијат пропаганден материјал за начинот на селектирање на отпадната пластична и хартиена амбалажа.
По завршувањето на пилот периодот ќе се направи анализа на количините отпад од пакување што ќе се собираат на месечно ниво, за да се добијат точни податоци за успешноста на проектот и правците во кои понатаму ќе треба да се насочат активностите.
Г. Меџити ја потврди подготвеноста да ја поддржи комората и нејзините членки во остварување на идни проекти преку кои ќе се забрза зелениот развој на државата.
Како составен дел до проектот, денеска во подрачното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Горни Подлог се одржа предновогодишна свеченост на која учениците изведоа забавно-музичка програма, а од комапнаита „Еко Проект Ко“ добија новогодишни пакетчиња.
Извор Канал 8