Макстил Акционерско друштво за производство и трговија со производи за црна металургија Скопје.
Макстил АД е значаен регионален производител на топловалани дебели лимови во чиј состав влегуваат производните погони: Челичарница и Валавница за дебели лимови.
Наша основна активност е производство на лимови, надополнување на групацискиот производен асортиман, кој едновремено ги поврзува индустриското производство и одржувањето на залихите во дистрибутивните центри.
Компанија:
Макстил АД Скопје, DITH
Локација:
16 Македонска Бригада, бр.18, Скопје
Дејност:
Производство и трговија со производи за црна металургија
Телефон:
+389 2/32 87 023
+389 2/32 87 027
Лице за контакт:
Наташа Павловска
Веб страна:
Компанијата работи со
Почнувајќи од 2016 година, Duferco International Trading Holding има нова акционерска структура како резултат на последната аквизиција.
Трговската и дистрибуциска мрежа на DITH во Лугано е одговорна за околу 80 % од вкупните продажби на Макстил на регионалниот пазар на ЕУ, но исто така и на други пазари, како што се САД, Канада,
Блискиот Исток и Северна Африка.
Продажниот тим на Макстил во Скопје е одговорен за продажбите на домашниот пазар, вклучително Турција, Романија и балканските држави.
Историјат
Макстил АД е основана во 1997, по сопственичкото реструктурирање на Рудници и железарница „Скопје“, која отпочна со производство во 1967 година.
Во мај 1996 година, Владата на Република Македонија, како мнозински сопственик, започна со барање на потенцијални купувачи како дел од програмата за приватизација.
Индустрискиот капацитет Рудници и железарница „Скопје“ беше поделен на десет делови, а Макстил беше еден од нив. Во март 1997, Дуферко ја отпочна инвестицијата во Макстил.