ТРГОВСКА РАЗМЕНА СО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ЗА 2024 ГОДИНА
10.03.2025
На ден 26.02.2025 година, во Општина Зрновци на дваесеттата редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион, во присуство на претседателот на Советот за равој на Источен плански регион г. Борчо Коцев, директорот на Центарот за развој на Источен плански регион г. Трајче Здравков и 11-те градоначалници членови на Советот за развој на Источниот плански регион: Звонко Пекевски – градоначалник на Општина Берово, Миле Петков – градоначалник на Општина Виница, Горан Трајковски – градоначалник на Општина Делчево, Борчо Коцев – градоначалник на Општина Зрновци, Виктор Паунов – градоначалник на Општина Карбинци, Љупчо Папазов – градоначалник на Општина Кочани, Димчо Атанасовски – градоначалник на Општина Македонска Каменица, Александар Китански – градоначалник на Општина Пехчево, Драган Анастасов – градоначалник на Општина Пробиштип, Далибор Ангелов – градоначалник на Општина Чешиново-Облешево и Иван Јорданов – градоначалник на Општина Штип, претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора м-р Биљана Митева ги запозна присутните со активностите и приоритетите на Комората.
Во своето обраќање, м-р Биљана Митева ја презентираше динамиката на работата на Комората, со нагласок на клучните проекти и иницијативи кои се во тек, како и на постигнатите резултати во претходниот период. Таа истакна значајни напори во насока на промоција на бизнис соработката помеѓу Македонија и Бугарија, како и на создавање поволни услови за инвестирање и развој на малите и средни претпријатија во регионот. Претседателката на Комората ги информираше присутните и за идните планови и стратегии на Комората, кои се насочени кон унапредување на економската интеграција, како и на зголемување на бизнис активностите и партнерствата во различни индустрии.
Седницата беше одлична можност за размена на идеи и ставови, кои ќе бидат од голема важност за понатамошниот развој на Источниот плански регион и успешната реализација на заедничките цели.