ТРГОВСКА РАЗМЕНА СО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ЗА 2024 ГОДИНА
10.03.2025
Македонско-бугарската стопанска комора ја информира јавноста и своите членки дека трговската размена помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија во 2024 година забележа значителен раст во однос на претходната година.
Вкупниот обем на трговска размена во 2024 година изнесува 63,09 милијарди денари, што претставува пораст во споредба со 52,28 милијарди денари во 2023 година.
Извозот кон Република Бугарија достигна 26,95 милијарди денари, што претставува зголемување од 19,77% во однос на 2023 година, кога извозот изнесуваше 22,50 милијарди денари. Истовремено, увозот од Бугарија порасна на 36,14 милијарди денари, што е раст од 21,36% во споредба со 2023 година, кога увозот изнесуваше 29,78 милијарди денари.
Овој позитивен тренд укажува на зајакнување на економската соработка меѓу двете земји и отвора можности за натамошен развој на билатералните трговски односи. Македонско-бугарската стопанска комора ќе продолжи активно да ги поддржува своите членки во проширување на деловните релации и зајакнување на економската поврзаност со Република Бугарија.
СТОКОВНА РАЗМЕНА – EXTERNAL TRADE
Извор: Официјални податоци од државниот завод за статистика “Стоковна размена со странство, јануари – декември 2024 година” во прилог