Претседателката на комората присуствуваше на настанот ТОП 100
14.11.2024
На 21 и 22.02.2024, во организација на Македонско - Бугарската Стопанска Комора, се одржа дводневна Тематска обука со наслов: Финансиска писменост- Анализа на финансиски извештаи на компаниите и финансиски параметри.
Во рамките на оваа обука беа опфатени следниве теми:
1.Финансиски извештаи (Биланс на Состојба,Биланс на Успех и Извештај за Кеш Флоу)
2.. Финансиски параметри (коефициенти на работење на компаниите)
3. Анализа на студии на случај
Обуката беше спроведена во соработка со Фина Консалтинг, м-р Драган Пехчевски, кој беше главен обучувач и кој има преку 28 годишно банкарско и финансиско искуство на сениор позиции во финансиски институции и консалтинг во Р.Северна Македонија и надвор од РСеверна Македонија.
Магистер по Економски науки-банкарски РИСК МЕНАЏМЕНТ, со повеќе од 20 сертификати и признанија, обучувач и финансиски консултант на повеќе од 100 компании во Р.С Македонија.
На Обуката присуствуваа компании членки на Македонско-Бугарската стопанска комора и компании од Банкарскиот сектор каде се стекнаа со одредени знаења и искуства.