Претседателката на Македонско-Бугарската Стопанска Комора, м-р Биљана Митева, денеска, 06.12.2023г. оствари работна средба со градоначалникот на Општина Струмица, г. Костадин Костадинов.
На средбата се дискутираше соработка со компании од различни дејности од општината, со цел зголемување на бројот на членови во Македонско-Бугарската Стопанска Комора, како и можна соработка на меѓугранични проекти со Р. Бугарија, согласно повикот за ваква соработка во 2024 за мали и средни претпријатија.
Трговската размена меѓу двете држави е од огромно значење за напредокот и развојот на пограничните региони од двете страни.