Претседателката на МБСК, м-р Биљана Митева на 16.11.2023 година, заедно со Заменик Министерот за Здравство во Р. Бугарија, професор Илко Гетов, остварија работна посета на проектот за опремување на амбулантни возила за потребите на министерството од страна на фирма член на комората.
Овој проект е во фаза на реализација и од огромна важност како за бизнис секторот од двете страни така и за подобрување на здравствените услуги. На средбата е договорена соработка преку комората во делот на здравствената заштита на меѓународно ниво.