Претседателката на комората присуствуваше на настанот ТОП 100
14.11.2024
Претседателката на комората м-р Биљана Митева, присуствуваше на јубилејното издание на ТОП 100, престижен настан организиран од Стопанската комора на Северозападна Македонија кој се одржа на 13.11.2024 во Хотел “Double Tree by Hilton”.
ТОП 100 е најголемиот економски каталог и настан во земјата и исто така претставува голема можност за вмрежување со потенцијални партнери и отварање на нови можности за развој на бизнисот.
На овој традиционален настан присуствуваа Премиерот на Р.С Македонија, Првиот Вицепремиер, министри, пратеници, градоначалници,претставници на амбасади и претставници на регионални и меѓународни организации и институции.
Беа доделени награди на компаниите кои значително придонеле за економијата на земјата.
За ТОП 5 компании оваа година на “ТОП 100 “ беа прогласени: Компанијата Даути Комерц на прво место, потоа компанијата Пофикс, Бас Тути Фрути, Вардар Доломит и Мега Ауто Партс.