Project

  • КомпанијаГрин Мастер ДООЕЛ Скопје

Грин Мастер ДООЕЛ

Производите во компанијата се поделени во три категории ЗДРАВЈЕ, УБАВИНА и ДОМ. Програмата ЗДРАВЈЕ опфаќа широк асортиман на внимателно одбрани додатоци во исхраната од повеќе реномирани производители, како и на иновативни апарати кои што имаат позитивен ефект врз здравјето на луѓето. Во програмата УБАВИНА ќе пронајдете природна козметика со иновативни формули, производи кои што се светски хитови, и се специјално одбрани за Вас за перфектен здрав, младешки и негуван изглед. Програмата ДОМ се одликува со еколошки иновативни производи со висок квалитет и докажана ефикасност. Тука на едно место ќе пронајдете производи за здраво готвење и чување на храна, производи за чистење и перење кои не ја загадуваат животната средина, како и серија на производи од волна со Woolmark сертификат.

Добре дојдовте во светот на Green Master – Свет на неограничен успех и благосостојба! Компанијата ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ успешно работи 4 години, по моделот на бугарската компанија Green Master Group, која зад себе има 18 годишно искуство како компанија која помага во остварување на мечтите на многу луѓе за еден поубав, поздрав и поуспешен свет. На пазарот во Македонија нудиме широка палета на производи кои ја придобија довербата на милиони клиенти во повеќе од 15 земји од целиот свет. Благодарение на соработката со Green Master Group и нивниот тим од докажани професионалци во областа на медицината, техниката, иновациските технологии и маркетингот имаме можност на македонскиот пазар да ги понудиме најновите и најсовремените светски производи од повеќе области.