Project

  • КомпанијаСпецијал Продукт ДОО Скопје

Специјал Продукт

СПЕЦИЈАЛ е пекарско – слаткарска фирма со 25 годишна традиција

Производството се изведува во седум пекари со обезбеден магацински простор каде соодветно обучени работници ги произведуваат производите притоа користејќи современи машини и опрема. Фирмата соработува со повеќе деловни партнери кои ги снабдува со лепеза на производи. Сите производи соодветно се пакуваат во зависност од производот кои потоа со сопствен возен парк се дистрибуираат до потрошувачите. Веруваме дека квалитетот на нашите производи е резултат на комбинација од традиција и користење на современи технолошки процеси. Со цел да се биде во чекор со најновите достигнувања во пекарскиот бизнис се инвестира не само во техничко-технолошките аспекти од работењето туку и во обучување на работниот кадар преку посета на семинари и секаков вид на методи за нивно работно и стручно издигнување.

СПЕЦИЈАЛ е пекарско – слаткарска фирма со 25 годишна традиција и искуство во овој сегмент од приватниот бизнис. Ангажирани се 200 вработени со соодветни квалитети кои им овозможуваат навремено и квалитетно да ја завршат работата притоа почитувајќи ги соодветните зададени задачи. Со цел производите навремено и квалитетно да се произведат и достават до потрошувачите работата е професионално организирана во сите сегменти.