РЕПТИЛ ДООЕЛ Скопје
Денес, нашата компанија располага со 25 маркети со формат на мали, големи и средни. Тие се распоредени во различни населби во главниот град Скопје, а сега и во Виница, кој брои 3 маркети. Нарачаните производи ги бираме внимателно за Вас и гарантираме за нивниот квалитет и свежина, а достава вршиме низ целата држава, во термин кој ќе го одберете Вие. Или, доколку Ви е поедноставно, производите може да ги нарачате и да ги подигнете на враќање до дома во Рептил маркетот кој е најблиску до Вас. Инспирирани од брзиот начин на живот, од 2023 година во Рептил Маркети се достапни свежо приготвени салати и оброци кои се спремни веднаш за консумирање. Истовремено, вршиме и дистрибуција на стока на големо за потребите на јавни и приватни компании, како и достава на производи до компаниите во Скопје по цени од полица кои можете да ги нарачате на нашата онлајн страна www.marketonline.mk. Во потрага по целосното задоволство на нашите потрошувачи, наша втора одлика, покрај најдобрата услуга, е големиот и квалитетен асортиман на производи чија густина по квадратен метар е над просекот карактеристичен за пазарот. Како додадени вредности во нашата услуга се свежо печениот леб, багети и печива, секојдневната испорака на свежо овошје и зеленчук, како и нон-фуд производите наменети за домаќинствата. Половина од маркетите имаат во понудата свежо месо и слатководна и морска риба и плодови. На нашата кујна и готовите јадења особено се гордееме, менито е големо со избор на традиционална и модерна храна.
Компанија:
ДПТУ РЕПТИЛ ДООЕЛ
Локација:
Скопје, Р. Северна Македонија
Дејност:
Трговија
Телефон:
+389 2 240 2765
Лице за контакт:
Даница Личанин Блажеска
Веб страна:
Компанијата работи со
Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун.
Историјат
Рептил маркетите постојат од 1996 година и бележат континуиран раст и економски успех од своето основање. Нашата компанија е основана врз темелите на поранешните самопослуги Центро преку модернизирање на нивните простории и вработување на дел од нивниот искусен персонал. Ова ни овозможува да се истакнеме како единствен ланец-маркети во градот кој ја продолжува традицијата и гарантира топла и искрена услуга за секој потрошувач. Рептил маркетите не ја забораваат топлината на маалските продавници. Нашиот приоритет е секој купувач да излезе задоволен по пазарувањето.