Одржана седница на Управен Одбор на Македонско–бугарската стопанска комора
23.01.2025
На покана од Царинската Управа на Р.Северна Македонија, претседателката на МБСК, м-р Биљана Митева, заедно со компании членки на комората, присуствуваа на настанот на кој беа презентирани придобивките од воспоставување на Новиот едношалтерски систем што се имплементира како дел од Проектот на Светска банка за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.
Националниот едношалтерски систем ќе ја олесни трговијата, а со тоа ќе ја зголеми конкурентноста на македонските компании на меѓународните пазари.
Новиот систем ќе помогне во забрзување на транспортот и трговијата што ги преземаме на владино ниво, а во која покрај Царинската управа како координатор на целиот процес, вклучени се 16 државни институции, истакна Богоев.
Новиот систем ќе овозможи целосна дигитализација на издавање дозволи и лиценци и нивно плаќање,колективно користење на податоците од страна на институциите,можност за комуникација со системите на други земји, издавање на дозволи под еден “покрив”.
Истиот треба да ги намали трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки.
05.12.2024