Претседателката на комората присуствуваше на настанот ТОП 100
14.11.2024
Денеска Претседателката на Македонско-Бугарската Стопанска Комора, м-р Биљана Митева, заедно со Амбасадорот на Бугарија во Македонија, г-динот Ангел Ангелов и со трговското аташе, Красимир Драгнев, имаа средба со директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, и заменик директорот Муарем Асани, на која главен фокус беше создавање на подобри услови за подобра трговска размена помеѓу двете земји.
Ваквата соработка со институциите придонесува кон унапредување на економијата и можности за подобрување на условите за домашните компании кои увезуваат и извезуваат во Република Бугарија и Европската Унија, истакна Митева
Царинската управа како партнер на македонското стопанството континуирано презема значителни чекори за унапредување на царинското работење и модернизација на граничните премини, а соработката со соседните земји е клучна за подобрување на конкурентноста на македонските компании на меѓународниот пазар, особено на пазарот на ЕУ.