На 14 март 2024 година, претседателката на комората м-р Биљана Митева со генералниот конзул на Р. Бугарија во Битола г. Николај Димитров и Трговското Атеше од Амбасадата на Р.Бугарија во Р.С Македонија г. Красимир Драгнев, остварија работна посета на компанијата Витаминка АД Прилеп. Посетата и реализираните разговори резултираа со продолжување на соработката со компанијата Витаминка и нејзино повторно зачленување во Македонско-Бугарската стопанска комора.
Витаминка АД е број еден компанија за производство на храна во С.Македонија и во регионот. Производите на Витаминка се пласираат во 28 држави, од кои 80% од целокупниот извоз е наменет за балканскиот простор т.е Бугарија, Албанија и поранешните југословенски земји, а 20% за САД, Канада, Германија, Швајцарија и Австралија.