МБСК ги посети павилјоните на Северна Македонија и Бугарија на World Expo 2025 во Осака
09.05.2025
Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, заедно со претставник од компанијата-членка ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС ДОО Скопје, г. Ромео Костадинов, реализираа работна посета на павилјоните на Република Северна Македонија и Република Бугарија на Светската изложба (World Expo 2025) во Осака, Јапонија.
Посетата беше фокусирана на унапредување на регионалната економска соработка и на промоција на можностите за вмрежување и инвестициско поврзување помеѓу македонски и бугарски компании во рамки на глобалниот пазар. Двата павилјона претставија креативни и иновативни решенија во согласност со темата на World Expo 2025.
World Expo 2025 Osaka се одржува под мотото „Дизајнирање на иднината за нашите животи“, со учество на повеќе од 150 земји и меѓународни организации, и со очекувана посетеност од над 28 милиони луѓе. Оваа светска изложба претставува значајна платформа за претставување на националните потенцијали и глобално вмрежување.
Македонско-бугарската стопанска комора продолжува со активности за интернационализација на македонските компании и поттикнување на економска соработка со Република Бугарија и други стратешки партнери.
Промоциите на националните економски потенцијали, без оглед на географската локација каде се реализираат, претставуваат можност за заеднички настапи што ги зајакнуваат добрососедските односи и овозможуваат развој на бизнис без граници, заснован на одржливи партнерства и регионално поврзување.