Претседателката на комората присуствуваше на настанот ТОП 100
14.11.2024
Претседателката на Македонско-Бугарската стопанска комора, м-р Биљана Митева, како и сите компании членки на МБСК учествуваа на традиционалниот прием во хотел “Александар Палас" организиран од амбасадата на Република Бугарија по повод националниот празник 3-ти март.
Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов во својот говор стави акцент врз патот на нашата земја на патот кон Европската Унија и НАТО и напорите на Бугарија да помогне што е можно повеќе во овој процес,.Тој напомена дека Македонија може да смета на Бугарија како сојузник во сите свои стратешки намери за заедничка иднина во големото евроатлантско семејство. Ангелов ја поздрави нашата земја за напредокот што го има постигнато и им посака истрајност на македонските политичари, во напорите за подобра иднина на Македонија.
На приемот присуствуваа претставници на владата, дипломатскиот кор во земјата, политичките сили во Северна Македонија, видни гости од општествениот живот во Р.Северна Македонија, претставници на меѓународни организации, како и голем број претставници на бизнис секторот од двете држави .