На 26.12.2023 година во Министерството за животна средина и просторно планирање, беше одржана работна средба со Министерката г-ѓа Каја Шукова.
Работната средба беше со цел, запознавање со активностите и приоритетите на Комората. Разгледување на можностите за воспоставување на заедничка соработка помеѓу институциите, интерес за унапредување на деловните односи и поврзување на заедничките интереси помеѓу компаниите од Република Бугарија и Северна Македонија.