Претседателката на комората присуствуваше на настанот ТОП 100
14.11.2024
Регионалната и меѓугранична соработка беа приоритетни теми за разговор на средбата оддржана во Центарот за развој на Источниот плански регион на кој присуствуваа претседателката на комората м-р Биљана Митева,трговското аташе од Амбасадата на Р.Бугарија во Северна Македонија г.Красимир Драгнев и директорката на Центарот за развој на Источниот плански регион г-ѓа Зујица Ангелова.
Согласно Меморандумот за Соработка на средбата се разменија искуства, знаења,податоци и информации во насока на јакнење на заедничката соработка, потикнување, добивање и реализација на заеднички проекти и логистичка подршка, за апликација на проекти од ИПАРД програмата и имплементација на активности од интерес за двете организации.
На средбата беа разгледани и можностите кои ги нудат општините за странските и домашните инвеститори.
Центарот за развој на источниот плански регион го соочинуваат 11 општини- Штип, Пробиштип, Делчево,Пехчево,Берово,Виница,Кочани, Македонска Каменица,Зрновци, Карбинци и Чешиново-Облешево.