На 15.05.2024 во Скопје, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Македонско- Бугарската стопанска комора и Универзитетот за Осигурување и финансии (ВУЗФ) од Софија.
Меморандумот беше потпишан од страна на претседателката на МБСК, м-р Биљана Митева и проф. д-р на правни науки Борис Велчев, ректор на Универзитетот ВУЗФ.
Двете страни изразија согласност, во услови на трајно партнерство и взаемна корисна соработка, да спроведуваат заеднички активности за поддршка на образованието, бизнисот и претприемништвото во Р.С Македонија и Р. Бугарија.
Партнерството и соработката e договорено да се реализираат преку:
Поддршка на квалитетот на образованието на студентите и докторантите на ВУЗФ преку организирање јавни презентации на програми и други иницијативи од заемен интерес
Размена на информации, знаења, искуства, идеи и добри практики, партнерство во спроведување на студии и истражувања во областа на економијата и менаџментот
Заедничка организација и учество на обуки, семинари, конференции, тркалезни маси, користење и размена на експертиза и лектори и учество на проекти.
На потпишувањето на Меморандумот присуствуваа и дел од членовите на комората како и трговското атеше од Амбасадата на Р. Бугарија во Р.С Македонија.