Потпишана Декларација за пристојна работа
05.12.2024
На 10.04.2024 година Претседателот на Македонско Бугарската Комора м-р Биљана Митева одржа средба со Амбасадорот на Република Бугариjа во Скопjе г. Ангел Ангелов.
Во текот на разговорт г-ѓа Биљана Митева ги презентира активностите на Македонско Бугарската комора во првиот квартал од 2024 година, каде постави фокус на поддршката за развојот на бизнисот меѓу двете држави, зголемувањето на бројот на членови од различни дејности, соработката со различни стопански комори и воспставувањето на нов систем за дигитална трансформација на комората.
Активностите на Македонско Бугарската Комора се насочени кон помагање и унапредување на процесите за размена на стоки, услуги и капитал меѓу двете страни, истакна Митева
Од страна на трговското аташе г. Красимир Драгнев се констатираше раст на трговската размена во споредба со 2022 година, односно во 2023 година трговска размена достигнала износ од над 1.350.000.000 евра.
На работната средба се истакнаа заложбите за зголемување на економскиот раст и развој меѓу двете земји како и отварање на нови можности за соработка на полето на образованието за стекнување на нови вештини и знаења со универзитети од Република Бугарија.
Во врска со ова прашање беше земена во предвид и програмата за периодот од 2023-2025 година за работа на комората каде акцентот е ставен и на образовни програми кои вклучуваат: