Средба со градоначалникот на Општина Благоевград
27.06.2024
Средбата на бизнис секторот во Хотел Александар Палас во Скопје се одржа на 28.05.2024 година во организација на Амбасадата на Република Бугарија за компаниите од двете држави.
Во воведниот говор на Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија Н.Е. Ангел Ангелов, беа поздравени напорите на бизнис заедницата од двете држави за создавање на мостови на поврзување и соочување со фактот дека кога станува збор за деловна соработка, разлики помеѓу партнери не постојат. Растот на економската соработка е потврда за успешното засилување на деловните односи помеѓу деловните партнери од двете држави, кадешто беше потенцирано дека само до моментот на одржување на средбата на бизнисите од двете држави, економската размена е зголемена за 200 милиони евра за разлика од претходната година.
Амбасадорот се заблагодари на сите присутни за придонесот во развојот на деловните односи, со посебна благодарност до Македонско-Бугарската Стопанска Комора, како Форум на бизнисот од двете држави и заложбата на Македонско-Бугарската Стопанската Комора за предвидување на Бела Книга за развој на деловните односи.
Претседателката на Македонско-Бугарската Стопанска Комора во своето обраќање, лично и во име на членките на Комората, се заблагодари на Амбасадата на Република Бугарија за безрезервната поддршка, максималната посветеност и подготвеност за поврзување на бизнисите, изразена преку работата на Амбасадорот Ангел Ангелов, Трговското Аташе г. Красимир Драгнев и Вториот секретар г-ца Рени Иванова.
Од страна на Претседателката на Македонско-Бугарската Стопанска Комора во име на Комората и членките на комората на претставниците на Амбасадата на Република Бугарија, на дипломатите во заминување им беа доделени пригодни подароци.
10.04.2024
15.03.2024