Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
03.11.2024
На 14 март 2024 година во Регионалната комора во Битола, претседателката на МБСК, заедно со г. Николај Димитров, Генерален Конзул на Р. Бугарија во Битола и г. Красимир Драгнев, Трговско Атеше од Амбасадата на Р. Бугарија во Северна Македонија, остварија работна средба во просториите на комората.
На средбата од страна на РК Битола присуствуваа претседателот на РК во Битола г. Мирко Велковски, г. Драги Милошевски, заменик претседател на РК Битола, г. Владо Талевски-член на УО на РК Битола и г. Драган Апостоловски- член на УО на РК Битола.
Претседателот г. Велковски од компанијата Хемометал Битола, даде осврт на стопанството во Регионот и надворешно трговската соработка со Р. Бугарија. Беше разговарано и за потикнување и продлабочување на регионалната соработка со Пелагонискиот регион, коморите од Пелагонискиот регион,потпишаниот меморандум за соработка со комората од Пловдив како и проширување на таа соработка со РК Битола и за претходните активности и посети на саемот и комората во Пловдив.
На средбата г. Драги Милошевски од Киро Дандаро Битола, пројави интерес за соработка во графичката индустрија и соработка со компании од прехрамбената индустрија во Бугарија (за печатена амбалажа). Директорот на Индустриската зона Жабени, г. Владо Талевски кој е и член на УО на РК Битола, ги презентираше можностите за инвестиции во Зоната. Сопственикот на Апостолада Битола, а воедно и член на УО на РК Битола, г. Драган Апостоловски истакна дека има долгогодишна соработка со компании од република Бугарија во производство на производни линии за прехрамбената индустрија.
Беше дадена и инцијатива за потпишување на меморандум за соработка помеѓу Македонско-Бугарската стопанска комора и Регионалната Комора со седиште во Битола.
06.06.2024