Средба со градоначалникот на Општина Благоевград
27.06.2024
Потпишување на меморандум за соработка со Универзитетот за осигурување и финансии од Софија.
Меморандумот за соработка ќе се потпише на 15.05.2024.
Универзитетот за осигурување и финансии (ВУЗФ), Софија, е првиот приватен бизнис универзитет во Бугарија. Тој е се наоѓа во топ 3 од водечките факултети во земјава од областа „Економија “ за 2023 година, според Рејтинг системот на факултетите во Бугарија. Исто така, според списанието Forbes, VUZF е помеѓу најдобрите универзитети со економска насока во Бугарија.
ВУЗФ нуди меѓународно призната диплома и гарантира настава еднаква по квалитет со таа на водечките универзитети во Европа и САД.
Образовните стандарди следени од универзитетот, кореспондират на водечките европски и светски практики и дипломите од ВУЗФ се признаени во Европската Унија. Универзитетот е акредитиран од ACCA (Association of Chartered Certified Accountants) за програмите по сметководство кои што ги нуди и дава можност за стекнување на двојна диплома со Coburg University of Applied Sciences and Arts во Германија.
Преку своите иницијативи, ВУЗФ го зеде местото помеѓу најпрогресивните и најпретприемнички поставените образовни институции во Бугарија. Универзитетот развива програми во соработка со водечки компании и организации, одговарајќи на актуелните потреби на бизнисот за високо квалификувани специјалисти. Овој приод придонесува за успешната реализација на повеќе од 94% од дипломирани студенти, така што 30% од нив заземаат важни менаџерски и раководни позиции. Дипломираните студенти од ВУЗФ се одликуваат помеѓу специјалистите од областа на економијата во Бугарија со просечен оданочен приход од 3301 лева според податоци од НОИ за 2023 год.
Во последниве години, универзитетот се потврди за образовен центар, играјќи клучна улога во подготовката на кадрите за некои од најголемите и највлијателните компании во Бугарија. Благодарение на своите иновативни образовни програми и тесната соработка со бизнис секторот, ВУЗФ успева да обезбедени актуелно образование, кое што одговора на конкретните потреби и очекувања на работодавачите.
Посебно внимание заслужува и ново изработената магистерска програма за не економисти „Бизнис менаџмент во индустријата“. Оваа програмата е посебно создадена, со цел да одговори на потребите на професионалци кои што не специјализирале во схерата на економијата. Програмата е структурирана на начин кој што гарантира стекнувањето на длабоки знаења и компетенции, особено важни за успешното прилагање на економските принципи во контекст на брзото развитие на современиот бизнис.
Универзитетот за осигурување и финансии (ВУЗФ) се стреми не само да одговори на тековните барања на пазарот на труд, но и да ги воведе своите студенти во светот на идните бизнис трендови, подготовувајќи ги за предизвиците на утрешниот ден. Пример за специјализирани програми се „Зелена економија и одржлив развој“, „Осигурувачки бизнис и финансиски технологии " , " Финтех, финансии и дигитални иновации “ кои се во согласност со последните трендови и предизвици во секторот .
Магистерските програми на ВУЗФ се внимателно проектирани, со цел да се интегрираат без проблеми во работните распореди на вработени, така што на овој начин нема да се нарушат нивните професионални обврски. Сите предавања се одржуваат онлајн за време на викендите, со распореди за максимум практичност и ефикасност. Постојаниот контакт со професорите кој што го продлабочува образовниот процес, дополнително го збогатува образовното искуство и обезбедува на студентите можност за индивидуален развој и насока.
Силниот академикот состав е клучен за успехот на ВУЗФ. Универзитетот се гордее на својот тим од високо квалификувани професори кои се признаени експерти во своите области. Оваа академска заедница е посветена на обезбедување на актуелено и применето знаење, кое што ќе ги подготви студентите за предизвиците на современиот бизнис и економски контекст. Во 2023 год., кон академикот состав на ВУЗФ се приклучи проф. Ричард Вернер, светски познати економист и експерт, кој што дополнително придонесе за академскиот престиж и квалитет на образовниот процес. Неговиот приклучување ја нагласува посветеноста на ВУЗФ кон привлекувањето на водечки меѓународни специјалисти и експерти.
Универзитетот за осигурување и финансии (ВУЗФ) се потврдува како водечка и динамична образовна институција во Бугарија, така што ја преиспитува традиционалната улога на универзитетите во модерното општество. Со својата стратегија за прогнозирање на трендовите во образованието и пазарот на трудот, универзитетот активно развива и спроведува области, кои што директно кореспондираат со актуелните и идните барања на бизнисот. Овој приод не само што ја рефлектира приспособливоста и иновативноста на универзитетот, туку исто така така ја нагласува неговата нова улога на мост помеѓу академското образование и практичните потреби на бизнисот, обезбедувајќи на студентите знаења и вештини кои што се високо ценети и неопходни за динамиката на пазарот на трудот.
ДОДИПЛОМСКИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
Со настава на бугарски јазик
Информатичка технологија и бизнис менаџмент (во соработка со Универзитетот Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“)
Бизнис стратегии и управување со проекти
Финансии и меѓународен бизнис
Менаџмент, маркетинг и дигитален бизнис
Сметководство и ревизија – акредитирана од ACCA
Осигурување
Психологија на бизнисот и човечки ресурси
Со настава на англиски јазик
Бизнис менаџмент и маркетинг
Сите додипломски студиски програми се со 4-годишен период на обука. Се нудат како редовно, вонредно или далечинско студирање.
МАГИСТЕРСКИ ПРОГРАМИ
Со настава на бугарски јазик
НОВА: Осигурителен бизнис и финтек
Финансии и одговорност за животната средина
Општински финансии (во соработка со Универзитетот Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“)
Финансии, финтек и дигитални иновации (во соработка со Бугарската финтек асоцијација)
Зелена економија и одржлив развој
Финансии
Финансиски менаџмент и маркетинг
Сметководство, ревизија и корпоративна анализа – акредитирана од ACCA
Бизнис софтвер и ERP платформи (во соработка со ERP Academy)
Дигитален маркетинг и онлајн анализа
Банкарски менаџмент и инвестициска дејност (во соработка со Fibank)
Осигурителен бизнис и управување со ризикот
Управување со човечки ресурси и лидерско однесување
Со настава на англиски јазик
Бизнис менаџмент и маркетинг
Меѓународно банкарство и финансии
Бизнис софтвер и ERP платформи (во соработка со ERP Academy)
Магистерските програми се со времетраење од 2 семестри за лица што завршиле студиска програма „Економија“, односно 3 семестри за неекономисти. Се нудат како редовно, вонредно или далечинско студирање.
Период на аплицирање:
Редовен прием за новата академска година 2024/2025
• ДО 30.06.2024
Попусти за упис:
20% за упис до 30 јуни
Контакти
Е-mail: marketing@vuzf.bg
м: + 359 888 44 30 96
м: +359 0882 513 714
Повеќе информација за ВУЗФ можете да најдете на https://vuzf.bg/.
10.04.2024
15.03.2024