Витаминка е основана во 1956 година како фабрика за производство на мелен црвен пипер. Витаминка во своето 66 годишно постоење го создаде најголемиот свет на вкусови во Македонија и претставува составен дел од животите на неколку генерации, полни со спомени и бесценети моменти.
Успешната приказна за Витаминка започна пред 66 години. Во 1956 година во Прилеп е основана како компанија за црвен мелен пипер. Производство на само еден производен асортиман беше доволно за цели 18 години успешно работење се до 1974 година.
Амбицијата на тимот што застана зад Витаминка придонесе за остварување и реализирање на зацртаната идеја- компанијата да го зголеми својот производен капацитет. Од фабрика за производство на мелен црвен пипер, Витаминка со новата бизнис стратегија започна да го гради својот пат кон успехот, прераснувајќи во компанија лидер во прехрамбената индустрија на македонскиот пазар.
Со зацврстувањето на позицијата на домашниот пазар, паралелно и интензивно растеше и присуство на странските пазари каде што моментално пласира околу 47% од своето годишно производство во околу 30 земји во светот.
Компанија:
Прехрамбена Индустрија “ВИТАМИНКА“ АД Прилеп
Локација:
Ул. Леце Котески бр. 23 Прилеп
Дејност:
Производство на какао, чоколади и кондиторски производи
Телефон:
070 393 152
Лице за контакт:
Љупчо Велески
Веб страна:
Компанијата работи со
Производство на какао, чоколади и кондиторски производи
Историјат